По неочекуваниот пораз од Франција на стартот од Олимписките игри, кошаркарите на САД го демолираа иран со 120:66 во второто коло на турнирот.

„Дрим-тимот“ од почеток до крај ја зголемуваше предноста над ривалот, која на крај изнесуваше 54 поени разлика.

Најзаслужен во овој триумф беше Демијен Лилард со 21 поен, Букер запиша 16, додека Тејтум 14 коша. На спротивната страна Хадади беше најефикасен со 15 поени.