Животна преокупација што најдобро ја разбираат сопствениците на миленици

284

Американката Тереза Фурер од Питсбург, САД, долгогишна кројачка а сега и плетачка, дошла до идеја да им помогне на сопствениците на домашните миленици да ги чуваат „блиско до срцето“ на тој начин што од влакната на мачките и кучињата плете облека или влакната ги „претвора„ во некој предмет што може да се носи.

Четириесет и петгодишната Тереза е дел од уметничката заедница која се специјализира за интересен и необичен облик на предење на преѓата познато како „шангора“ што доаѓа од францускиот збор за куче и и за крзното на ангора зајакот.

Таа зема влакна од кучиња и мачки и ја претвора во преѓа која подоцна може да се користи за изработка на мека облека или додатоци за ожалостените сопственици на куќни миленичиња, чии миленици починале, или за сопствениците кои сакаат да имаат некој дел од својот миленик крај себе.

Тереза вели дека разбира дека на некои луѓе нејзиниот потфат може да им се чини бизарен или дури груб, ама тоа нејзе воопшто не ја допира.

Нејзиното искуство во правење преѓа од куќни миленици почнало по личното искуство со траума по загуба на миленик. Кога во 2012 година го изгубила својот мачор Клео, одлучила да го сочува со помош на таксидермист, ама на крајот чекала девет месеци зачуваното тело од мачорот да ѝ биде вратено назад, а тоа за неа било крајно трауматично искуство.

Тогаш почнала да размислува за други начини на одржување на „делови“ од куќниот миленик што не е така есктремен како таксидермијата.

Така купила волна за предење и на почетокот почнала да користи памук. По некое време не сакала да преде волна од овди па почнала да работи директно со крзно од мачки и кучиња, односно да прави преѓа од влакна од мачки и кучиња.

На почетокот ги започнувала разговорите со „Немојте да мислите дека сум луда“, ама повеќето луѓе воопшто не ја сметале за луда. Напротив, многумина од ни долго го барале решението што го понудила Тереза Фурер.

Денес таа во својот дом има три машини за предење со тркало, и десетина различни проекти во различни фази на процесот на создавање преѓа од влакна од куќни миленици.

“Winnie the Pooh” (2004-2017) was a beloved Golden Retriever whose legacy will live on in two unique ways❤️❤️ His humans…

Posted by Nine Lives Twine on Sunday, December 2, 2018

По желба на клиентот, таа нуди да ја испере преѓата, а понекогаш и да ја измеша со влакна од алпака или мерино, за да произведе употребна преѓа.
Нејзината фирма доега има произведено стотици производи од преѓа од животински влакна во последните десетина години, при што повеќето нарачки доаѓаат од интернет продавницата за занаетски изработки Етси и разни конвенции за животни каде што учествувала.

Преѓата од влакна од мачки и кучиња, односно од домашни миленици, таа може да ја претвори во најразлични работи од шапки и шалови, до ракавици, перници до скулптури кои потсетуваат на покојните домашни миленичиња.