Приведен, па пуштен партиски активист на протестите на ВМРО-ДПМНЕ/ВИДЕО

99

На денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ,, беше приведен

Партиски активист беше приведен денеска на протестот на ВМРО-ДПМНЕ, за време на блокадата на крстосницата кај Мавровка, бидејќи снимал со мобилен телефон. Во текот на денот, приведеното лице беше пуштено на слобода. Поради овој инцидент, партискиот лидер Христијан Мицкоски се упати од крстосницата кај Собранието кон Мавровска.

„Зоран Заев и Оливер Спасовски, погледнете добро што прави полицијата под ваша команда. Овој случај не е лажна вест, како што е вашата лажна грижа за народот. Не очекувам разрешница, ниту очекувам осуда, но очекувам дека силно ќе треснете на изборите, а потоа секој според заслуженото, според делото и законот. Со ова не сте силни, ова е доказ за вашиот страв и за вашата слабост“, напиша Мицкоски, објавувајќи видео од приведувањето.