Почина режисерот и снимател Мето Петровски

115

Реномираниот македонски режисер и снимател Мето Петровски-Франсе, почина во 84-та година од животот. Тој има реализирано преку 60 документарни и краткометражни филмови кои се прикажувани на домашни и светски фестивали.

Како режисер Петровски дебитира со документарниот филм „Селидби“ во 1965 година. Со документарецот „Вирово“ учествува на Филмскиот фестивал во Кан. Петровски има реализирано и преку 30 телевизиски емисии како „Петте револуционери“, “Иселување на евреите од Битола“, „Прозивка на бел камен“ и емисијата “Она што беше небо“.

Емисијата „Раѓање на муралот“ е прогласена за најдобра емисија во 1987 во својот жанр. Петровски има повеќе награди, меѓу кои Златен медал на Белградскиот фестивал за филмот „Голгота“, Сребрен медал во Белград за филмот „Вранешница“ и Бронзен медал на истиот фестивал за филмот „Подмолна сила“, потоа и Бронзен змеј во Краков, Полска, за филмот „Голгота“…

Тој е и добитник на „Златен објектив“ за особен и значаен придонес во развојот на македонската кинематографија, посебно во областа на краткометражниот и документарен филм.