Познат првиот ЛГБТ-суперхерој на Марвел

132

Продукциската куќа Марвел го откри својот прв ЛГБТ-суперхерој, што ќе се појави во наредниот, четврти „Тор” филм. Се работи за ликот Валкири што го глуми Теса Томпсон.
Љубителите на Марвел-стриповите веќе знаат за Валкири – дека таа е бисексуалка, но во досегашните филмови, таа како да се криеше. Во „Тор 2″ дури била и исфрлена сцена каде што таа станува од кревет во којшто има друга жена.
Според Марвел, ЛГБТ-ликови ќе има и во филмот „Бесмртните”, кој е во фаза на снимање, но засега не се откриваат детали.