По 14. пат започна Меѓународната ликовна колонија „Скопје”

146

Во организација на Музеј на Град Скопје, во главниот град почна 14. Меѓународна ликовна колонија „Скопје”.

На овогодишното издание учествуваат 10 ликовни уметници од кои, според вообичаената селекција, пет се домашни автори и пет се од странство.

Уметниците ќе ги создаваат своите дела во инспиративниот амбиент на хотел Арка, сместен во срцето на Старата скопска чаршија.

Македонски автори кои учествуваат се: Маја Рауник Кирков, Маја Стефановска, Трајче Чатмов, Христијан Санев и Филип Фидановски, а гостуваат уметниците Скендер Бедриу од Косово, Ипек Денизли од Северен Кипар, Мариана Абрамова од Украина, Зузана Ардо од Велика Британија и Кацпер Дудек од Полска.

Ликовната колонија официјално ќе биде затворена со презентација на создадените ликовни дела на 29 август во 20:30 часот во хотел Арка. Делата од оваа колонија ќе бидат изложени во рамките на манифестацијата на Град Скопје за одбележување на Денот на ослободување на Скопје – 13 Ноември.