Во Египет стартуваше Светското првенство во ракомет на кое ќе се натпреваруваат 32 репрезентации, наместо 24 како што беше досега, а првпат заради епидемијата со коронавирусот нема да има навивачи на трибините.

Заради коронавирусот и многу позитивни случаи во своите репрезентации учеството го откажаа Чешка и САД, а селекцијата на Норвешка по пристигнувањето во Каиро беше шокирана од организацијата и она што го виде по пристигнувањето на шампионатот. Скандинавците го искажаа јавно својот бес заради условите кои ги пречекаа при пристигнувањето.

-Ова е пародија, најблаго речено. Нема систем, ја нема организацијата која нам ни беше ветена. Условите се катастрофални и стануваат се полоши од час во час. Тука луѓето без проблем се шетаат без маски, дири и ние јадеме со нив во иста просторија. Од се што ни ветија организаторите за превенција, апсолутно ништо не е исполнето, разочарано изјави најдобриот ракометар на Норвешка, Сандер Сагосен.

Она што ги пречека не е ни приближно она што им било ветено и на што се надеваа.

Моравме да ги воспоставиме нашите интерни правила, но и тоа ништо не гарантира, ова овде е „див запад“. Не ни останува ништо друго освен да држиме прсти за среќа и да се надеваме дека нема да се заразиме. Во почетокот не мислев дека Светското првенство треба да се откаже, се надевав дека ќе биде организирано како што најавуваа. Но на основа, на ова што досега го искусивме невозможно е да не се испита повторно таквиот став, заврши најдобриот играч на норвешката репрезентација.