Општина Центар со Стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието

71

Советот на Општина Центар ја усвои и Стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието и младинско учество на Општина Центар која содржи конкретни задачи, мерки и проекти кои Одделението за образование на оваа скопска општина ги концепираше во соработка со училиштата, експерти од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и менторска поддршка, посети и дискусии со претставници на Град Скопје.

– Стратегијата е изработена во рамки на националниот проект за Меѓуетничка интеграција на млади во образованието, кој е поддржан од Министерството за образование и наука, финансиран од УСАИД, а го реализира МЦГО.  Во првата фаза (во 2019 година), овој проект беше спроведен во вкупно 15 општини, а во 2020 година Општина Центар влезе во втората фаза, односно во следните 15 општини кои треба да ја изработат општинската Стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието во траење од 5 години. Унапредувањето на мултикултурализмот и интеркултурализмот, меѓуетничката интеграција и сузбивањето на стереотипите и предрасудите се планираат во годишните програми за работа на училиштата – информираат од општина Центар.