Општина Бутел ја одбележа 110-годишнината од раѓањето на Вапцаров

115

Општина Бутел денеска ја одбележа 110-тата годишнина од раѓањето на нејзиниот патрон, поетот и револуционер Никола Јонков Вапацаров.

По тој повод градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, претставниците на општинските основни училишта и на невладини организации и бројни граѓани положија свежо цвеќе пред споменикот на Вапцаров, што се наоѓа пред општинската зграда.

По овој повод градоначалникот Смилевски истакна дека е горд што личност како Вапцаров е патрон на Општина Бутел, чиј лик и дело „треба да го чествуваме, негуваме и никогаш да не го заборавиме“.

Потоа, во големата сала на Општина Бутел се одржа пригодна свеченост, на која настапија Хорот на Здружението на пензионери на Општина Бутел, КУД „Плетеница“ и ученици од ОУ „Живко Брајковски“.