Омикрон сојот се шири во Европа: Три случаи на зараза откриени во Германија

120

Германија денеска соопшти дека открила вкупно три случаи на зараени со новиот сој на коронавирусот – омикрон, откако е потврден сомнежот за инфекција во западната покраина Хесен, пренесува Ројтерс.

„Секвенционирањето го потврди резултатот – сомнителниот случај што беше објавен вчера наутро е заразен со омикрон сојот“, напиша на Твитер, министерот за социјални прашања во Хесен, Кај Клозе.

Тој вчера соопшти дека сомнителниот случај со омикрон е пронајден кај патник кој стигнал од Јужноафриканската Република во Хесен на франкфутскиот аеродром, еден од најпрометните во Европа.

Здравствените власти во јужната покраина Баварија, открија уште два случаи на заразени со омикрон сојот.

Во Германија денеска стапија на сила ограничувањата во воздушниот сообраќај од Јужноафриканската Република откако таа е класифицирана како област со новиот сој на коронавирусот. Според овие ограничувања, авиокомпаниите од Јужноафриканската Република во Германија може да превезуваат само Германци и дека дури и оние што се вакцинирани мора да поминат 14 дена во карантин.