Одвратно и губитници! Веднаш да бидат исфрлени!

104

Квалификацискиот дуел помеѓу репрезентациите на Бугарија и Англија, кој заврши со убедлив триумф на гостинот од 6:0, два пати беше прекинат поради расистичко однесување на домашните фанови. Првиот прекин се случи во 30 минута откако хрватскиот судија Иван Бебек беше информиран за расистичките навреди на бугарските фанови.

Судијата веднаш побара да се примени протоколот на УЕФА, односно преку разгласот да се замолат гледачите веднаш да престанат со срамното скандирање. И покрај јавното барање, навивачите продолжија со срамното однесување и во 41 минута, селекторот на Англија, Герет Саутгејт, се пожали кај делегатот дека и понатаму има расистички навреди за неговите фудбалери.

Откако по втор пат беше прекинат натпреварот, капитенот на бугарската репрезентација Ивелин Попов за време на полувремето поразговара со домашните навивачи и ги замоли да прекинат со расистичките навреди. Групата од навивачи кои носеа црни маички го напуштија стадионот пред крајот на натпреварот, а сосема очекувано англиските медиуми удрија со дрва и камења по домаќинот.

  • Веднаш да ги исфрлите. Англија ги уништи расистите, но УЕФА мора да реагира против Бугарија. Одвратно. Губитници, се само дел од насловните страници на британските фудбалски медиуми.

Репрезентативниот напаѓач Маркус Рашфорд на својот твитер-профил напиша дека не му било лесно да игра, дека станува збор за ситуација која не треба да се случи во 2019 година и дека такво нешто не смее да постои.