Од ноќва голема промена на времето: Температури пониски за 10 степени и можност за снег

568

Оваа ноќ се очекува голема промена на времето која ќе донесе значително опаѓање на температурите за повеќе од 10 степени, и врнежи од дожд од запад, најавува метеорологот Славчо Попоски.

Тоа значи дека и во наредните денови нѐ очекува облачно и значително постудено време со врнежи од дожд кои на места ќе бидат поинтензивни, а во западните и југозападните делови се очекува да наврне над 40 л/м2 воден талог.

Поради значителниот пад на температурите, не е исклучена и можноста за снег на повисоките места.