Обезбедени 60 милиони евра за кредитирање фирми во земјава

36

Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) потпиша договори со 11 банки и финансиски посредници во вкупен износ од 750 милиони евра, преку кои ќе се зголеми пристапот до финансии за малите и за средните претпријатија за земјите од Западен Балкан.

Во Македонија, се очекува оваа платформа да распореди заеми во вкупна вредност од 60 милиони евра, достапни под поволни услови за кредитирање на околу 1.100 мали и средни претпријатија, притоа одржувајќи над 15.000 работни места.

До денес, во земјава, гаранциите на ЕИФ обезбедиле вкупно околу 225 милиони евра за над 1.000 мали и средни претпријатија, што помогнало да се одржат 64.000 работни места.