EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Центарот на Лос Анџелес клиперс, Ивица Зубац, постигна дабл-дабл на натпреварот против Индијана (114:100). Зубац имаше 31 поен и 29 скока (личен рекорд), со шут од поле 14 од 17 за 36 минути. Во четвртата четвртина, Зубац беше исклучен поради шестиот фаул. Хрватот додаде и по три асистенции и блокади.

Од сезоната 1973-1974, ова е само трет пат во НБА-лигата играч на една средба да постигне 31 поен, 29 скока и три блокади. Последен пат тоа го направи легендарниот Карим Абдул-Џабар, на 3 февруари 1978 година.

Зубац воедно го повтори и достигнувањето на славниот Шекил О’Нил од 2004 година, постигнувајќи 30+ поени, 25+ скока со 80 и повеќе проценти од поле.

Од 1981 година, во НБА има само три дабл-дабл 30+30.