Нови осум пунктови нa „Комунална хигиена“ во 4 скопски општини

95

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани и градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов го посетија новиот пункт на Претпријатието лоциран во близина на Скопското Кале.

– Една од нашите најголеми заложби е да им обезбедиме соодветни услови за работа на вработените во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје коишто го носат главниот товар во извршувањето на дејноста на Претпријатието и воедно секојдневно на терен се изложени на најнеповолните климатски влијанија – вели директорот Абдусамед Шабани.

Во таа насока, осум стари дотраени пунктови лоцирани во скопските општини Аеродром, Центар, Чаир и Шуто Оризари, се заменети со нови монтажни објекти што ги исполнуваат сите стандарди за квалитетно извршување на работните обврски на работниците коишто ја одржуваат хигиената на јавните површини во градот Скопје.