Нова книга: „Скршнувања“ од францускиот дипломат Рембер на македонски

56

„Скршнувања“ е наслов на четвртата книга на францускиот дипломат Емануел Рембер во издание на Издавачки центар ТРИ.

“За Рембер постојат нешта што единстве но пишувањето може да ни ги даде, на само нему својствен начин. Затоа пишувањето и љубопитноста го следат постојано во животот. Тој се вплеткува во ткаенината на зборовите обидувајќи се да го отплетка замрсеното клопче на животот. Како збирка хроники објавени во списанијата „Космо“, „Економија и бизнис“ и „Портрет“, „Скршнувања“ е огледало на неговите патешествија во нашата земја и на средбите со многу интересни луѓе и предели. Со својот препознатлив питом и ерудитен стил, Рембер раскажува за многу свои посети на градови, планини и езера, за средби со обични луѓе и уметници, им пишува писма на своите деца, ги споделува со нас своите размисли за кулинарството, за уживањето во медитацијата, за екологијата…, велат од Издавачката куќа ТРИ.

Емануел Рембер е директор на Францускиот институт во Скопје и советник за култура во Амбасадата на Франција во нашата земја. Автор е на делата „Баренцовата шапка“, „Немирни денови во Либија“ и „Во Лотарингија“