Австралискиот тенисер Ник Кирјос, уште еднаш го покажа својот остар јазик критикувајќи ги колегите Новак Ѓоковиќ, доминик Тим и Александар Зверев. Австралиецот на социјалните мрежи напиша дека неговите колеги „не се доволно интелигентни“ да ги сфатат своите гречки.

Австралиецот сега му одговори на Доминик Тим кој се запраша зошто Кирјос има потреба да се меша и да го коментира однесувањето на Александар Зверев, кој во Германија беше уловен како се забавува и покрај тоа што мораше да биде во самоизолација по прекинување на „Адрија тур“ во Задар.

  • Беше негативен на тестот, негова единствен греша е што објави соопштение, а потоа имаше лоша среќа да биде виден на забава. Не сакам кога луѓето го критикуваат. Го третираат како мене кога бев во основно училиште. Но, тој има 23 години. Да, направи грешка, но не разбирам зошто сега сите се мешаат, наведе Тим.

Кирјос веднаш му одговори на Австриецот кој се обиде да го одбрани својот колега.

  • За што зборуваш Доминик? За грешки од типот на кршење рекети? Пцуење? Местење на натпревари? Што правите вие? Никој од вас нема доволно интелигенција да ги види работите за кои јас зборувам. Се обидувам да кажам дека треба да бидат одговорни. Ова само покажува дека мислите дека сето ова е шега. Одите на забава како да нема пандемија. Луѓето умираат ,а Тим вели дека тоа било само грешка. Овие луѓе би требало да бидат најдобри во нашиот спорт, одговори Кирјос.