НАСА најде решение – ѓердан против допир/видео

188

Допирањето на лицето го зголемува ризикот од зараза со вирусот корона, иако тоа е рефлечно дејство кое не е лесно да се победи. Ама сега НАСА има решение.

Американската вселенска агенција неодамна објави упатсѕво за производство на ѓердан со помош на 3 Д печатач кој е наменет за личности кои неконтролирано го допираат лицето.

Тројца инженери од лабораторијата на НАСА го дизајнираа Pulse, ѓердан со сензор кој има вибрациски мотор. Тој се активира кога рацете ќе се доближат до главата и колку што се побрзи прстите, вибрациите стануваат поинтензивни.

„Целта на овој производ е лицето колку што е можно помалку да се допира со рацете бидејќи вирусот корона се пренесува преку допир на лицето, очите, носот или устата, соопштија од НАСА.

Ѓерданот не е дизајниран како намена за маска, туку да се користи во комбинација со останатите мерки за превенција од вирусот корона, а тука се вбројуваат и миењето раце и одржувањето растојание.

Извор:www.mashable.com