Моќна тројка што ги чисти крвните садови на природен начин

1220

Покрај зголемениот холестерол, поголемо ниво на триглицериди во крвта претставува најголем фактор на ризик за појава на кардиоваскуларни заболувања.

Која е разликата меѓу холестеролот и триглицеридите? Првиот се наоѓа во мастите од животинско потекло, а вторите во мастите од растително и животинско потекло. И едните и другите влијаат врз запушувањето на крвните садови, па така можат да предизвикаат тешки заболувања на срцето, како инфаркт, а често и со фатален исход.

Постојат многу фактори кои можат да влијаат на зголемувањето на нивото на триглицериди, меѓу кои се гојазноста, седечкиот начин на живот, дијабетесот, болестите на бубрезите, пушењето, прекумерното консумирање алкохол, хипотиреозата и генетските фактори.

Се разбира, постои храна која на личностите со зголемени триглицеридии би требало да ја избегнуваат бидејќи се богати со маснотии како масна храна (масно месо, чварки, сланина, месни конзерви, паштети), пржена храна, брза храна (солена и слатка), печива, тестенини, пица, бело брашно, грицки, путер и маргарин, полномасни млечни производи, чист шеќер, алкохол.

За среќа, како и за повеќето нарушувања, и за ова постојат домашни лекови кои можат да го доведат нивото на триглицеридите во нормала.

Три од најефикасните состојки кои помагаат се лукот, јаболковиот оцет и циметот.

Лук

Лукот познат како природен лек за многу болести е ефикасно решение и за високо ниво на триглицериди. Се препорачува секој ден да се изедат 2-3 чешниња свеж лук.

Јаболков оцет

Јаболковиот оцет има широка примена во народната медицина, па така се користи за регулирање на високо ниво на триглицериди и холестерол во крвта. Во чаша вода сипете едно лажиче јаболков оцет, па потоа додадете 1 лажичен природен пчелин мед. Пијте го напитокот два пати во текот на денот додека да забележите подобрување.

Цимет

Циментот во прав освен што помага при зголемен шеќер во крвта, прави чуда и кај проблемите со триглицеридите. Додавајте го во разни јадења, напитоци, десерти или заедно со овошје.