Првиот човек на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски, ја обелодени одлуката на Владата за финансиска помош за македонскиот спорт со дополнителни три милиони евра. Вкупно 666 спортски клубови, 60 национални федерации и 173 индивидуални спортисти ќе добијат парична помош од државата, со цел да се надминат проблемите создадени со пандемијата со коронавирусот. Секој од нив, според најавите, ќе добие најмногу 33 отсто од износот на ваучерот добиен за 2021 година.

  • Три милиони евра од државниот буџет ќе се насочат кон спортските субјекти на кои им е издаден ваучер согласно законот за спорт. Средствата на буџетот на Северна Македонија се дел од програмите за справување со последиците од ковид-19 кризата. Веќе една година се соочени со тешкотии и проблеми во функционирањето заради коронавирусот. Финансиската поддршка на спортските чинители од државата е еднократна употреба, изјави Мојсовски на прес-конференција.

Ова дефинитивно ќе биде огромна помош за луѓето кои ги предводат клубовите и федерациите, со цел да обезбедат средства за редовна работа и исполнување на зададените цели во натпреварувањата во кои настапуваат.