Иран предупредува: Ќе го прогониме и уништиме секој агресор

76

Иран ќе го прогонува секој агресор, дури и ако изврши ограничен напад, ќе го најде и ќе го уништи, изјави шефот на иранската Револуционерна гарда откако функционери од Ријад и Вашингтон го обвинија Техеран за нападот врз саудиската нафтена рафинерија.

– Бидете внимателни, ограничена агресија нема и да истане ограничена. Ќе следува казна и ќе продолжиме до целосно уништување на секој агресор, порача шефот на Гардата, Хосеин Салами.

Нафтената рафинерија на Сауди Арамко беше нападната на 14 септември со дронови и крстосувачки ракети. Одговорноста ја презедоа јеменските бунтовници Хути, кои ги поддржува Иран, но САД тврдат дека нападот бил извршен од Иран. Иран негира секаква вмешаност во нападите.