Интер на пола чекор од елиминација

231

Како и што се очекуваше, на бранителот на тронот, тимот на Баерн (М), му беа потребни само четири натпревари во групната фаза за да обезбеди пласман во 1/8 финалната рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. Баварскиот гигант не дозволи никакво изненадување на „Алијанц арена“ и по вторпат, со сега со 3:1, го победи австрискиот преставник, РБ Слацбург. Кингсли Коман, Лерој Сане и Роберт Левандовски погодија за Баерн (М), а почесниот погодок за гостинот беше дело на Мерџим Бериша.

И вториот меѓусебен дуел помеѓу екипите на Интер и Реал (М), заврши со триумф на „кралскиот клуб“ но сега од 2:0. Белгискиот интернационалец Еден Азар успешно го изведе ударот од белата точка, а поранешниот фудбалер на Реал (М), Ахрав Хакими постигна ефектен автогол. Во 33 минута црвен картон заработи фудбалерот на Интер, Артуро Видал.

Пласман во 1/8 финалната рунда обезбеди и англискиот преставник, Манчестер Сити.

Резултати: ГРУПА А: Атлетико (М) – Локомотив М. 0:0, Баерн (М) – РБ Салцбург 3:1. Табела: Баерн (М) 12, Атлетико (М) 5, Локомотив М. 3, Салцбург 1 бод. ГРУПА Б: Борусија М. – Шахтјор Д. 4:0, Интер – Реал (М) 0:2. Табела: Борусија М. 8, Реал (М) 7, Шахтјор Д. 4, Интер 2 бода. ГРУПА Ц: Олимпијакос – Манчестер С. 0:1, Марсеј – Порто 0:2. Табела: Манчестер С. 12, Порто 9, Олимпијакос 3, Марсеј 0 бодови. ГРУПА Д: Ајакс – Митјиланд 3:1, Ливерпул – Аталанта 0:2. Табела: Ливерпул 9, Ајакс 7, Аталната 7, Митјиланд 0 бодови.