Израелскиот министер побара од Нетанјаху анексија на Западниот Брег

225

Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, побара од премиерот Бенјамин Нетанјаху да го анектира Западниот Брег.

„Го молам премиерот отворено и недвосмислено да објави дека, доколку палестинската управа продолжи со активностите во оваа насока, Израел ќе ги прекине сите врски со палестинската управа и ќе доведе до нејзин пад и еднострано ќе го потврди својот суверенитет над Западниот Брег. Со унилатерални мерки ќе биде одговорено на унилатералните мерки“, рече Смотрич.

Смотрич жестоко ги обвини палестинските власти дека го искористиле моментот откако администрацијата на Бајден му го сврте грбот на Израел.

„Тие најдоа охрабрување и легитимитет за своите постапки од фактот што администрацијата на Бајден му сврте грб на Израел во правен контекст со воведување санкции врз доселениците, а очигледно и врз израелската армија, како и од острите тонови на лидерите на европските земји против Израел“, рече Смотрич.