Емотивно: Калиопи за својот починат татко: „Имаше многу тежок карактер, но само јас умеев со него”  

4428

Сеќавања….

Калиопи, македонската поп-дива, која пред неколку дена настапи како ексклузивна гостинка на голем скопски солистички концерт на српската ѕвезда Жељко Самарџиќ, гостуваше во ток-шоу емисијата „Еден на еден“ на телевизија „Канал 5“. Притоа, раскажуваше и за својот татко, кој почина не така одамна, пред речиси две години.

– Првиот момент од мојата личност секогаш е простувањето. Јас никогаш не сум си дозволила да не простам и на личност што повторно ми има нешто згрешено или, можеби, не сме се разбрале. Јас проштавам уште во истиот момент, бидејќи секогаш сметам дека постои некаква причина зад сето тоа, дека постои некоја заднина. Кај нас, тоа е мама.

Ние го загубивме тато Панди пред една и пол година. Велат дека дури со мене почнал да ја покажува татковската љубов. Пред тоа, немал време. Многу млади биле моите кога се зеле. Тој подеднакво нè сакаше сите тројца, а бевме две сестри и еден брат. Беше човек што си го сакаше семејството. Што и да згрешев во животот, тој не викаше по мене, туку ќе речеше: „Така требало да биде“.

Мојот Панди беше силен, храбар, снаодлив, беше хуманист. Татко ми беше навистина добар човек, но со многу тежок карактер. Само јас умеев со него. А, знаете како?        Кога ќе појдевме во град, тој ми велеше: „Нема да ме викаш ‘тато’, ќе ме викаш ‘дасо’“. Ете, тоа беше мојот мил татко.