Д-р Беќаровски: 88% од новозаразените во Британија од индискиот Делта сој, не се вакцинирани

1452

Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски преку статус на неговиот Фејсбук-профил ги советува граѓаните да размислат, а неговата последна објава се однесува на индискиот Делта сој на коронавирусот, повикувајќи се на една научна студија.

…… 88% од новозаразените во Британија од индискиот Делта сој, НЕ СЕ ВАКЦИНИРАНИ.
99% од моментално хоспитализираните во Британија не се вакцинирани. (AstraZeneca & Pfizer)
84% од новозаразените со индискиот Делта сој, во Сејшели и Емиратите не се вакцинирани (Sinovac&Sinopharm)
….. Ризикот за смрт во првите шест постковид месеци е 7 пати поголем, за развој на хронични белодробни болести 27 пати, мозочен и срцев удар 8 пати, дијабет 4 пати ….., напиша докторот на Фејсбук.