Груевски доби една ипол година затвор, Јанакиески условна казна

79

Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на казна затвор од една години и шест месеци, а екс министерот Миле Јанакиески на условна казна затвор за „Насилството во Центар“. Условна казна затвор добија и останатите обвинети.

Јанакиески доби условна казна од 1 година затвор, ако во наредните 4 години стори друго кривично дело.

Александар Трајковски, Дарко Стојчевски и Трајче Петковски, добија по девет месеци условна казна затвор која нема да се изврши ако во рок од 3 години од прависилноста не сторат ново кривично дело.

Игор Бошковски и Даниел Трифуновски се осудени на условна казна од 6 месеци која нема да се изврши ако во рок од две години не сторат ново кривично дело.

Пресудата денеска беше презентирана во Кривичниот суд, при што судијата истакна дека обвинетите се прогласени за виновни.