Во Индија регистирирани речиси шест милиони инфицирани од коронавирус

26

Со новите 88.600 новоинфицирани во последните 24 часа бројот на заразени со коронавирус во Индија нарасна на речиси шест милиони, јавија индиските медиуми.

Според податоците на индиското Министерство за здравство, од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја се заразени 5.992.553 лица, а досега оздравеле 4.941.628 лица, пренесе агенцијата АНИ.

Во последните 24 часа во земјата од Ковид-19 умреле 1.124 лица, а во текот на целата пандемија вкупно се умрени 94.503.

Извор:МИА