Во Албанија пристигна нова пратка од 208 илјади дози вакцини

64

Во Албанија попладнево пристигна нова пратка од 208 илјади дози вакцини од Синовак, со што се заокружува договорот со оваа компанија.

-Само што пристигнаа 208 илјади вакцини, дел од договорот на албанската влада со овластениот дистрибутер на вакцината Синовак. Веќе ја завршивме целата испорака од овој договор, обезбедувајќи вкупно 500 илјади дози вакцини. Од првиот момент на почетокот на процесот за доставување на вакцини договорени од албанската влада, ние имаат повеќе од 700 илјади вакцини кои пристигнале на територијата на Албанија, изјави Огерта Манастирлиу министерка за здравство, која, заедно со министерот за обнова Арбен Ахметај ја дочекаа пратката.

Таа најави дека вечерва се очекува да пристигне нова пратка од над 8.000 вакцини од договорот со Фајзер.

Вечерва очекуваме да пристигнат 8.190 дози од договорот со Фајзер и ќе продолжиме како што рековме да го интензивираме процесот на вакцинација и да имаме според нашата цел 500 илјади имунизирани лица до мај и да го вакцинираме секој албански граѓанин до пролетта следната година, рече Манастирлиу.

Синоќа Албанија доби 50 илјади вакцини „Астра Зенека“ донација од Индија.

Според Манастирлиу од почетокот на вакцинацијата, опфатени се 333.330 лица од кои 251.726 над 60-годишна возраст и кај ниту едно имунизирано лице не се регистрирани нуспојави.

Taa додаде дека процесот на вакцинација се спроведува според сите параметри за безбедност и квалитет од обучени тимови на вакцинатори низ целата земја.

Извор:МИА