Радев утре ќе му го врачи мандатот за состав на нова влада на Бугарија на Даниел Митов

88

Бугарскиот претседател Румен Радев утре ќе му го врачи мандатот за состав на нова влада на Даниел Митов, кандидат за премиер номиниран од ГЕРБ – најголемата парламентарна група во Собранието.

Радев утрово почна консултации со политичките партии и парламентарни групи од 45-то Народно собрание – ГЕРБ, Има таков народ, БСП, ДПС, Демократска Бугарија и Исправи се, мафијата надвор.

Не присуствуваа двајца лидери на политички партии – Бојко Борисов, премиер во оставка и Слави Трифонов од Има таков народ кој е во изолација поради коронавирус.  Борисов според локални медиуми во моментот е хоспитализиран поради хируршка интервенција на коленото.

ГЕРБ има 75 пратеници, далеку под потребните 121 глас.

Извор:МИА