Во акцијата низ Европа уапсени над 100 лица осомничени за трговија со луѓе

39

Полицијата уапсила околу 130 лица осомничени за шверц на луѓе низ Европа, соопшти денеска Европол, чие седиште е во Амстердам.

Во минатонеделната заедничка операција учествуваа 22 земји, а во акцијата беа идентификувани повеќе од 100 можни жртви на трговија со луѓе, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на соопштение на Европол.

За време на операцијата, која беше координирана од европската агенција за заштита на границите Фронтекс, речиси милион луѓе и околу 200.000 возила беа проверени на копнените и поморските граници и на аеродромите.

Во таа сеопфатна акција, покрај 15 земји од ЕУ, беа ангажирани околу 22.500 полицајци, а учествуваа и полициите на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Украина, Велика Британија и Лихтенштајн, наведува Ројтерс.