Беше кандидат за „Златната топка“, а сега е во седмиот круг од Дантеовиот пекол

112

Поранешниот напаѓач на Реал (М), Робињо го отслужи првиот месец од деветгодишната затворска казна, објави бразилскиот CNN.

Во првите 10 дена, Бразилецот помина низ период на изолација и приспособување, како и секој друг затвореник. После тоа бил одведен во мала ќелија од 8 метри квадратни со убијци и силувачи.

Сликовито опишаната некогаш голема фудбалска ѕвезда сега се чувствува како да е во седмиот круг на познатото литературно дело „Пекол“ од Данте Алигиери.

Му беше дозволено да учествува во физички активности со другите затвореници, па дури и ја одигра својата прва игра во затвор.

За време на неговата деветгодишна затворска казна, 40-годишникот ќе има оброци во ќелијата и ограничени посети.

Робињо беше приведен од бразилската полиција во Арта. Поранешниот бразилски репрезентативец беше осуден за силување жена во ноќен клуб во Милано во 2013 година.

Бразилецот играше за Реал (М) од 2005 до 2008 година, постигнувајќи 62 гола на 137 натпревари за „кралскиот клуб“. За време на својот престој на „Сантијаго Бернабеу“, крилниот напаѓач го играше својот најдобар фудбал.

Во 2007 година беше меѓу сериозните кандидати за освојување на „Златната топка“, но на крајот заврши на деветтото место, а престижната награда му припадна на неговиот сонародник Кака.

Робињо стана ѕвезда во Бразил во 2002 година кога на 18-годишна возраст го предводеше Сантос до титулата, а во Европа играше за Манчестер Сити и Милан со кои го освои и „Скудетото“.

Веднаш кога беше обвинет за силување, Бразилецот тврдеше дека е невин и дека се е доброволно, а неколку пати се жалеше, но неуспешно.