ЗАХАРОВА ДО БЕЛАТА КУЌА: „Сите се чешаат каде што ги јаде“

113
EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Пo навредливата изјава на Белата куќа за терористичкиот напад во „Крокус Сити хол“, во која руските функционери ги нарече продавачи на „шталско ѓубриво“, стана јасно зошто терминот „пена од устата“ се користи во Соединетите Американски Држави, напиша портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

– Во рускиот јазик нема такви поговорки, бидејќи шталското ѓубривото не се „носи во уста“, туку таму преку океанот. Затоа имаме една поговорка: „Секој се чеша онаму кај што го јаде“. Меѓу другото, сега е јасно зошто во САД постои израз „да се насапуни устата““, наведе таа.

Така Захарова ја коментираше вчерашната изјава на портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, кој изјави дека САД ќе продолжат да бидат внимателни и да ги предупредуваат другите земји, без оглед на ситуацијата со односите меѓу тие земји.

Во врска со ставот на руските функционери дека има украинска трага во терористичкиот напад на „Крокус“, тој даде скандалозен коментар:

– Вујко ми, кој имаше мала фарма, велеше дека најдобрите продавачи на шталско ѓубриво често ги носат примероците во уста.