EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Трикратниот олимписки златен медалист во гимнастика, Британецот Макс Витлок, одлучи да ја заврши кариерата по Игрите во Париз кои ќе се одржат летово.

Витлок, најуспешниот британски гимнастичар, објави дека се пензионира по Париз, иако се уште нема обезбедено настап на Олимписките игри.

  • Чувствувам дека е вистинско време да се пензионирам. Гледајќи наназад на мојата 24-годишна кариера, се чувствувам многу среќен што правам нешто што толку многу го сакам, истакна Витлок.

Витлок освои вкупно шест олимписки медали и три светски шампионски титули.