Властите на Латвија ги повикаа граѓаните да ги претворат своите подруми во засолништа за воздушни напади

117

Властите на Латвија, балтичка земја која е соседна со Русија, денеска ги повикаа граѓаните да ги претворат своите подруми во засолништа за воздушни напади, по повод традиционалниот национален ден на чистење во земјата.

Латвија, поранешна република на Советскиот Сојуз, а сега членка на НАТО и на Европската унија, дели 214 километри долга граница со Русија, што ги зголемува стравувањата во Рига дека земјата би можела да биде меѓу следните цели на Москва во случај на нејзина победа во Украина.

„Апелираме до сите да се погрижат подрумите да можат да се користат како засолништа во случај на потреба, за време на големото расчистување, но и потоа“, рече градоначалникот на Рига, Вилнис Кирсис.

Градоначалникот додаде дека општинските службеници ќе се грижат за визбите кои му припаѓаат на градот.

Комисијата за цивилна одбрана во Рига објави дека „подрумите на јавните згради, училиштата, пензионерските домови, болниците и другите градски простории ќе бидат проверени од надлежните органи и ќе бидат подготвени како засолништа во случај на напад“.

Имаме намера секој месец до крајот на годината да подготвуваме околу 100 прифатилишта“, соопштија од комисијата.