ВКЛУЧЕН ЖОЛТ АЛАРМ ВО ХРВАТСКА: Врнежи од дожд и град во Загреб, не е исклучен и снег на некои места

196

Загреб го зафатија врнежи од дожд и град попладнево, околу 16 часот и 40 минути.

Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) за денеска прогласи жолт аларм за поголем дел од Хрватска поради можна појава на грмежи.

Од среда ветерот постепено ќе слабее, а во попладневните часови во внатрешноста и на северот на Јадранот се очекуваат врнежи од дожд, а во Горски Котар и снег.

Продолжението на неделата носи дополнително нестабилно и променливо време. Врнежи на моменти ќе има, почести во четврток и сабота.