Tри часа бесплатен пилатес во недела

81

Fit One ве кани на 180 минути Пилатес дружење на 27ми Јануари од 17ч до 20ч.
Ве очекуваат два часа по 90 минути:
1. Прв час од 17:00ч до 18:30ч – Пилатес час со низок интензитет за подобрување на држењето на телото и зајакнување на ‘рбетниот столб. Овие вежби помагаат за намалување на болките во грбот, предизвикани од долготрајно седење и неправилно држење на телото.
2. Втор час од 18:30ч до 20:00ч – Интензивен Пилатес тренинг за слабеење, тонирање и издолжување на мускулите, со што придонедува за потенко и убаво обликувано тело.

Вежбањето пилатес е здрава инвестиција, не само за вашиот изглед, туку и за вашето здравје.

– Може да го вежбаат сите возрасти и бремени жени, со модификации на вежбите по потреба; – Помага во слабеење, а сепак ги тонизира и издолжува мускулите со што го прави телото потенко, обликувано; – Ја зголемува издржливоста на мускулите; – Помага во редуцирање на стресот, ги опушта и мускулите и умот (има коментари дека вежбањето пилатес е насочена форма на медитирање поради потребната концентрација во изведување на вежбите); – Го подобрува држењето на телото, а со тоа ги редуцира болките во грбот; – Ја подобрува силата на трупот и флексибилноста; – има позитивен ефект врз болката и функционалноста во областа на вратот. – пилатес може да го подобри балансот.

Сите кои се заинтересирани место може да си обезбедат на 070228823. Од FIT ONE порачуваат да одвоите време за себе, и ветуваат одлично пилатес дружење.