Старата филтер станица во Делчево утре нема да биде во функција

25

Од јавното комунално претпријатие „Брегалница“ – Делчево ги известува граѓаните дека утре ќе биде прекинато водоснабдувањето од филтер станицата и бунарското поле во Тработивиште поради исклучување од функција на старата станица за прочистување на вода во Тработивиште.

Градот Делчево ќе се снабдува со вода за пиење од бунарските системи во Делчево и резервите на вода од резервоар „Звегор“.

-Од таа причина во некои периоди од денот е можно намалување на притисокот или недостаток на вода во одредени реони од градот – соопштија од ЈКП „Брегалница“.