Се роди двогрба камила во Зоолошката градина

512

Зоолошката градина се пофали со ново бебе.

Како што известија оттаму, станува збор за принова во фамилијата Бактријан – двогрби камили, преслатка млада дама, која е второ дете на Карло и Мираи.

Се родила на 3 април и по краток карантин со мајката, веќе ужива во пролетните сончеви денови.