Продолжува акцијата за чистење на јавни површини

45

Јавното претпријатие Комунална Хигиена  ја продолжува акцијата за чистење на јавните површини во Скопје.

Денеска се отстранети отпадоци од јавните површини на плоштадот „Филип Втори“, реонот на црквата „Свети Димитрија“, Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите, платото пред Националната опера и балет и Филхармонија.

Во текот на утрешниот ден, активностите ќе продолжат на кејот „13-ти Ноември“.

– Акцијата за чистење во која учествуваат административците на претпријатието има цел подигнување на свеста кај жителите на нашиот град дека секој поединец преку своето совесно однесување може значително да придонесе за одржувањето на хигиената и заштитата на животната околина – се вели во соопштението од Комунална Хигиена.

Во текот на вчерашниот ден акцијата се одвивала во централното градско подрачје, на потегот од порта „Македонија“, улицата „Македонија“, до булеварот „Кирил и Методиј“ и Музејот на Град Скопје.