Полицијата постави шатор пред куќата каде што исчезна малата Данка

515
Printscreen

Недалеку од куќата кадешто исчезна малата Данка се гледаат шатори. Како што дознава „Новости“, тие биле поставени од полицијата. Девојчето Данка Илиќ (2) исчезна во вторникот попладне во Бањско поле кај Бор.

Инаку, досегашните резултати укажаа на нов правец во кој треба да оди истрагата.

Откако полицијата утврди дека исчезнатото девојче не е пронајдено на 10-те квадратни километри кои се пребаруваа во текот на вчерашниот и денешниот ден во градот Бањско Поље кај Бор, потрагата по девојчето ќе продолжи на оперативен начин.

Пребарувањето на теренот е прекинато, но работата за пронаоѓање на девојчето е интензивирана и нема да биде запрена се додека не се најде.