Освен зачин, ловоровиот лист е и лек: Маслото делува против инфекции, мигрена, болести на ушите и кожата

92
Pexels

Ловоровиот лист е познат и омилен зачин, а одамна има посебно место во нашите кујни. Сепак, малкумина знаат дека листовите на ова медитеранско зимзелено дрво можат да се користат за многу здравствени цели, не само за подготовка на храна.
Со овие листови можете да подготвите лековито масло, кое има фантастични здравствени својства, пишува Superzena.

Потребно е:
– 30 грама ловорови листови
– 250 мл маслиново масло

Начин на подготовка:
Издробете ги ловоровите листови и покријте ги со маслиново масло. Смесата ставете ја во стаклено шише, затворете ја добро и оставете ја да отстои на темно и ладно место 14 дена. Протресувајте ја содржината на шишето од време на време. По 2 недели, процедете го маслото преку газа и префрлете ја течноста во друг сад. Добиеното ловорово масло чувајте го во ладна просторија.

Ловоровото масло како лек:
Доколку е потребно, нежно загрејте го маслото на пареа. Втријте го маслото темелно на болните зглобови. Освен за лекување на зглобовите, ловоровото масло се користи и за мигрена и болести на ушите. Ако имате силни главоболки, маслото треба да го масирате на слепоочниците. Ловоровото масло може да го замени аспиринот, бидејќи има моќ да ја намали зголемената телесна температура. Помага и за ублажување на болките во желудникот и цревата, ја нормализира функцијата на црниот дроб и бубрезите и го подобрува апетитот.

Исто така, ловоровото масло е одлично како превентивна мерка. Има способност да ја зголемува отпорноста на инфекции, односно е ефикасен кога станува збор за зајакнување на имунитетот. Можете да го користите ловоровото масло за да подготвите лосион за справување со проблеми со кожата на вашето лице. Овој лосион е многу ефикасен во борбата против акните и митесерите.