Екипите на МЗТ Скопје и Пелистер ги оправдаа фаворитските улоги и дојдоа до нови победи во 21. коло во Првата македонска кошаркарска лига (ПМКЛ).

Актуелниот шампион МЗТ Скопје беше подобар од тимот на Вардар со 86:78. Ова за тимот од Аеродром е 17. сезонска победа во која Делалиќ и Ворку уфрлија по 16 поени, додека Бајрам за поразените уфрли 29 кошеви.

Пелистер пак имаше уште поголеми проблеми со Академија ФМП чиј отпор го скрши во завршните четири минути. Имено, во овој дел се влезе со резултат 84:84, па „зелено-белите“ мораа да се „нагазат“, да ја потврдат разликата во квалитетот за конечни на крајот 98:89.