МВР со детали за пукањето во Тетово

57

МВР се огласи по повод вчерашното пукање во Тетово. Од полицијата велат дека било пукано од возило во движење, а случајот бил пријавен во полиција.

„Во 22:45 часот М.Т од Тетово пријавил во СВР Тетово дека непознато лице од автомобил во движење пукало во неговата куќа во Тетово. Засега нема извештаи за повредени лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од СВР Тетово.