Moџо Килингтон: Животот ни нуди различни опции

78

Преку својот фејсбук профил авторот Божидар Божиновски, познат како Moџо Килингтон го промовираше својот прв роман „Денот кога не се разбудив“,во издание на „Арс Ламина“.  Ова е втора книга негова книга по стихозбирката „Аутопсија на љубовта“, но негов прв роман. Со него авторот ги предизвикува читателите да се преиспитаат себеси и својот живот, да размислат за вистински важните работи, пред да биде предоцна.

Приказната во книгата се движи околу педесет и кусургодишниот Пол, кој едно саботно утро станува од спиење и во кујната гледа непознат човек, кој всушност е ангел испратен да го спроведе до рајот. Сфаќа дека е мртов и има неколку часови да реши дали ќе оди или ќе остане. Времето го користи за посета на блиските луѓе, меѓу кои и неговата најголема љубов, Мери. Чувството е поразително – неговиот живот е комплетно промашување. Дали да се врати да ги поправи работите или да замине засекогаш?

“Пол сме сите ние. Сите го имаме тоа проклетство да го анализираме животот, кој секогаш ни нуди различни опции, патишта по кои не сме тргнале и во моменти на тага, депресија, разочараност ни изгледа дека баш на тој крстопат сме го згрешиле патот. Ако сме свртеле на друга страна би било подобро… . Главниот лик не жали за ништо друго освен за љубовта што ја давал на погрешно место. Љубовта е животот. Сѐ што правиме во животот е или за љубов или поради недостиг од истата. Не верувам дека има друг мотив и дека има друго значење во животот освен љубовта“, вели Божиновски.