Малку познат плод има чудесна моќ: Во него е спасот за лошиот холестерол, дијабетесот и низа други проблеми

16149
Printscreen/Youtube

Доколку сакате да го подобрите вашето здравје, задолжително во исхраната треба да го вклучите овој необичен плод кој има неверојатна моќ, за кој малкумина знаат.

Единствената билка која е неправедно потценета во исхраната, е дефинитивно чичоката, уште позната и како див компир или земјено (зимско) јаболко, која е важен регулатор на варењето и одржувањето на општото здравје.

Подетално за придобивките од ова коренче, објасни нутриционистката Наташа Алексиќ:

– Чичоката има суптилно сладок, кон неутрален вкус и доаѓа од Северна Америка. Се користи во подготовка на многу салати, супи, чорби или како замена за компирот. Стана многу „популарна“ насекаде низ светот поради нејзините нутритивни вредности, но всушност се користела во исхраната уште од античко време – вели Наташа и наведува зошто треба да ја вклучите во исхраната:

  • Богат е со инулин, еден вид влакна кои го поттикнуваат здравјето на цревата и варењето
  • Помага во регулирање на шеќерот во крвта
  • Содржи витамин Ц (4 g на 100 g) и витамин Б9 (13 g на 100 g), кој го зајакнува нашиот имунолошки систем
  • Содржи и калиум и железо, кои исто така помагаат за општото здравје
  • Ја подобрува работата на срцето, бидејќи го намалува лошиот холестерол во крвта
  • Поради бројните придобивки и нивоата на хранливи материи, чичоката е класифицирана како суперхрана, што е уште еден доказ за нејзината хранливост.

Ако го читате ова и мислите „е да, но каде можам да најдам чичока?“, можете да ја најдете во сите добро снабдени био продавници.