Малкумина знаат за бурната историја, значењето и уникатноста на единствената манастирска црква во рамки на манастирот во Матејче, Општина Липково, која е изградена во 1345 година, со богат живопис кој потекнува од 1348 до 1352 година. Живописот во црквата денес, во голема мера, е уништен, но зачувани се сцени од животот на Исус Христос и Богородица. Единствена и уникатна по својата реткост е композицијата на која Исус Христос е преставен со крстот, затоа што, во овој случај, Христос е насликан со главата надолу. Во оваа црква се зачувани и многубројни записи, меѓу кои се истакнуваат оние на митрополитот Никифор и на Кирил Пејчиновиќ. Инаку, манастирот Матејче долги години беше цел на вандали, со оглед дека нема чуварска служба која би се грижела за негова безбедност, што често резултираше со оштетување на објектот. Лошата состојба на манастирот по воениот конфликт во 2001 година, кога објектот беше оштетен, со тек на време уште повеќе се влошуваше

Манастирот во село Матејче, кој претставува културно наследство од највисока вредност, а од државата е прогласен и за културно наследство во опасност, конечно започна да се реставрира и реконструира. Ова вчера на социјалните мрежи го објави
пратеникот Мартин Костовски.

Инаку, манастирот Матејче долги години беше цел на вандали, со оглед дека нема чуварска служба која би се грижела за негова безбедност, што често резултираше со оштетување на објектот. Лошата состојба на манастирот по воениот конфликт во 2001 година, кога објектот беше оштетен, со тек на време уште повеќе се влошуваше.

„Со средства од Владата и Министерството за култура ветеното станува реалност, да сјае повторно овој бисер на православието. Со искрена политика на соживот, со квалитетни политики се надевам во блиска иднина ќе успееме да изградиме и пат до манастирот и повторно на викенд сите кумановци во Матејче“, напиша Костовски.

Во текот на 2020 година, на барање на надлежната установа НУ Национален конзерваторски центар, беа одобрени 300.000 денари за ургентни превентивни интервенции на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирот Матејче. Во 2021 година беше одобрен и проект за заштитни интервенции на архитектурата и ѕидното сликарство на црквата во Матејче во износ од 1.000.000 денари…

Кон крајот од 2021 година беше отстранет и дислоциран новопоставениот оловен покрив на црквата од страна на непознати сторители, по што беа преземени соодветни мерки од надлежните институции.

Во февруари годинава министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска посочи дека „Преку буџетот на Министерството за култура се обезбедени околу милион и пол денари за мерки за заштита на манастирот ‘Матејче’. Таа исто така, додаде дека и Министерство за транспорт и врски активно работи на план за рехабилитација на пристапниот пат до самиот манастир и до самата црква.

Одговарајќи на новинарско прашање кажа дека „за помош во зачувување на Матејче, кое е прогласено за културно наследство во опасност, и повеќе да не се
случуваат кражби“, се вклучени и општините Липково и Куманово.

Инаку, црквата од средината на 14 век го содржи најобемниот фрескоансамбл на наша територија. Насликаните површини се предизвик на еминентните светски византолози во континуитет, од почетокот на минатиот век до денес и нивните согледувања се
објавени во стручните периодики од оваа област, а целосната анализа на живописот е предмет на едно монографско издание. Малкумина знаат за бурната историја, значењето и уникатноста на единствената манастирска црква во рамки на манастирот во Матејче, Општина Липково, која е изградена во 1345 година, со богат живопис кој потекнува од 1348 до 1352 година. Живописот во црквата денес, во голема
мера, е уништен, но зачувани се сцени од животот на Исус Христос и Богородица.

Единствена и уникатна по својата реткост е композицијата на која Исус Христос е преставен со крстот, затоа што, во овој случај, Христос е насликан со главата надолу. Во оваа црква се зачувани и бројни записи, меѓу кои се истакнуваат оние на митрополитот Никифор и на Кирил Пејчиновиќ. Храмот посветен на Богородица е еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност на македонска почва. Тој ги отсликува врвовите на средновековната ликовна продукција на македонската територија. Манастирската црква во XIV век е изградена од страна на цар Душан, а по неговата смрт, неговата сопруга Елена и неговиот син Урош ја доградиле и живописале.

Од Управата за заштита на културното наследство, во еден од претходните разговори, ни посочија дека интензивно се размислува да се заштити целиот простор и да се стави во функција со цел да се спречи неговото сквернавење и пропаѓање.