Kој е квази фраерот?!: „Те дуа, Жими мене”- нов македонски филм со Џамбазов и Михајловски

184

„Те дуа, жими мене” е наслов на новиот независен македонски филм чие снимање ќе започне на 15 август во Скопје. Филмот е во режија на Марјан Гавриловски, сценариото е на Никола Кузелов, а како директор на фотографија ќе се потпише Александар Карпузовски.

Приказната на филмот е за квази фраер, коцкар и хармоникаш, кои трудејќи се да ја вратат дома купената жена од Албанија стануваат дел од мафијашка зделка.

Во филмот ќе играат Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Мими Таневска, Атанас Атанасовски, Сенко Велинов, Рујиш Беговска, Мирсад Абази, Ангела Стојановска, Никола Кузелов, Талија Настова, Исмаил Касуми, Ангела Димитрова, Валентин Видович, Надица Петрова, Елдин Широки, Флакрон Алиу и други.

Снимањето ќе трае околу 30 дена на локации низ Скопје, а премиера на филмот се очекува на крајот на следната година.