Јакимовски: Синот и снаата побараа венчаница, а добија умреница!

266

Градоначалникот на општина Карпош и претседателски кандидат Стевчо Јакимовски вчера во изјава за медиумите посочи дека неговиот син и снаа побарале Извод од матичната книга на венчани лица, а добиле Извод од книга на умрените.

Според Јакимовски, денот на нивната венчавка е пишан како денот на нивната смрт.

„Денот кога била правена нивната свадба е ставен како ден на нивната смрт. Можете ли да замислите овие млади луѓе, секоја година на што ќе ги потсетува годишнината од нивната свадба и вом каков шок сега се наоѓаат? Оваа прес конференција што сега ја држам е уште една потврда зошто младите ја напуштаат Македонија. Не од економски причини, туку од лошо водење на институциите во државата. Јас сум длабоко убеден дека овој перспективен и талентиран кадар со име Дијана Антонијевиќ е вработена или од штабот на СДСМ или од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Целата наша администрација е наполнета со нивните кадри и во зависност од тоа дали се власт или опозиција нив државата не им чини а всушност не чини заради такивте кадри“ изјави Јакимовски додавајќи дека ова е дополнителна причина зошто тој се кандидирал за претседател на државата.