Европското првенство во гимнастика во 2025 година нема да се одржи во Тел Авив како што беше планирано, поради вооружениот конфликт меѓу Израел и Хамас, објави Европската куќа на гимнастиката. Управното тело на Европската гимнастика ќе бира меѓу новите кандидати на земјата домаќин. Федерациите членки имаат рок од еден месец да ги достават своите кандидатури.

  • Ги признаваме напорите на Израелската гимнастичка федерација, одличен домаќин на неколку европски првенства во изминатите осум години, се вели во соопштението на Европската гимнастика.