Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски остана без виза за претстојните Олимписки игри во Париз, откако претрпе пораз уште на првиот натпревар на предолимпискиот турнир во бокс, кој се одржа во Италија.

Тој реши да го смени спортот само за да добие шанса да биде дел од најмасовното светско спортско натпреварување, но тоа не заврши славно. Илиески загуби уште во првото коло од Британецот Патрик Барон со судиска одлука. Илиоски настапи во категоријата до 92 килограми во која беа пријавени 44 боксери од целиот свет, од кои само четворица обезбедуваат олимписка норма.